Британскиот премиер Борис Џонсон преместен на интензивна нега, откако му се влошила здравствената состојба, јави Би-би-си.
Според информациите од „Даунинг стрит 10“, Џонсон побарал од министерот за надворешни работи, Доминик Рааб, да го замени во работните обврски.
Џонсон (55) во неделата беше хоспитализиран во болницата „Свети Томас“ во Лондон, а десет дена претходно му беше дијагностициран ковид-19.
Тој на 27 март преку видеопорака на Твитер соопшти дека е позитивен на коронавирусот.