Зборувајќи за новите санкции, Борел изјави дека ништо не е исклучено, па ни нафтата, ниту гасот, но дека сè уште не е донесена одлука за тоа
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска оцени дека војната во Украина е голем неуспех за Русија.
„Се обидоа да го заземат Киев и беа одбиени. Сега го напуштија Киев, гледаат дека е невозможно да се заземе главниот град. Ги прегрупираат своите трупи на исток и Украинците се убедени дека ќе започнат голема офанзива во Донбас во близина на нивните логистички бази, рече тој. Борел, исто така, ја карактеризира инвазијата како хорор. Она што го остави руската армија зад себе се убиени цивили, уништени градови, неселективно бомбардирање, како она што го гледаме на железничката станица (во Краматорск). Многу сме загрижени за човечките последици од оваа војна“,
рече Борел на прес-конференција во Луксембург.
Зборувајќи за новите санкции, Борел изјави дека ништо не е исклучено, па ни нафтата, ниту гасот, но дека сè уште не е донесена одлука за тоа.
„Лесно е да им се каже на некои земји-членки кои не користат руски гас дека се подготвени да не користат руски гас, но за другите земји-членки кои се многу зависни од рускиот гас, тоа не е така лесно“,
рече тој.