Вучиќ и Курти денеска треба да имаат и средби и со францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата. Оваа средба доаѓа во време кога на Белград му беше претставен германско-францускиот план за решавање на спорот меѓу Белград и Приштина
Вчера, косовскиот премиер Албин Курти преку фејсбук-статус најави можност за средба меѓу него и Вучиќ на маргините на Парискиот мировен форум и посочи оти е заинтересиран за потпишување договор за нормализирање на односите меѓу двете страни со фокус на меѓусебно признавање
Шефот на европската дипломатија и безбедносна политика Жозеп Борел утре во Париз ќе има одвоени средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти, потврди претставникот на Европската Унија (ЕУ) Петер Стано.
Стано во објава на Твитер напиша дека состаноците кои Борел ќе ги одржи со Вучиќ и Кутри се со цел смирување на сегашните тензии меѓу Србија и Косово и унапредување на дијалогот поддржан од ЕУ.
Средбите ќе се одржат во Париз, каде што сите учествуваат на Парискиот мировен форум.
Kosovo/Serbia: To continue ?? efforts to help ???? to de-escalate,defuse current tensions and advance in EU facilitated Dialogue, @JosepBorrellF will meet with @albinkurti & @predsednikrs @avucic in Paris tomorrow in separate meetings.
— Peter Stano (@ExtSpoxEU) November 10, 2022
Вучиќ и Курти денеска треба да имаат и средби и со францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата. Оваа средба доаѓа во време кога на Белград му беше претставен германско-францускиот план за решавање на спорот меѓу Белград и Приштина.
Вчера, косовскиот премиер Албин Курти преку фејсбук-статус најави можност за средба меѓу него и Вучиќ на маргините на Парискиот мировен форум и посочи оти е заинтересиран за потпишување договор за нормализирање на односите меѓу двете страни со фокус на меѓусебно признавање.
„Имаме два предлози на маса – мојот за општата рамка на договорот презентиран на состанокот на 18 август 2022 година во Брисел, како и француско-германскиот предлог кој има поддршка од САД и европските земји“,
напиша косовскиот премиер.
Евентуалната средба меѓу Курти и Вучиќ доаѓа како резултат на кризата на северот на Косово, каде припадниците на српската заедница ги напуштија косовските институции, откако беше суспендиран директорот на полицијата за северниот регион Ненад Ѓуриќ, кој одби да ја спроведе одлуката на Владата на Косово за пререгистрација на автомобилите издадени од Србија за градовите во Косово.
По тој потег српските функционери поднесоа оставки од косовските институции.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера ги одликува полицајците кои одбија да ја спроведат одлуката на косовската влада и им вети оти Србија ќе се грижи за нив.