Бројот на смртни случаи во Италија во последните 24 часа изнесува 525 што е најмал број регистрирани жртви во едно деноноќие во последните две недели
Главната болница во Рим за лекување на заразените од ковид-19 „Спаланзани“ преку своите дневни билтени соопшти дека за првпат од почетокот на епидемијата регистрирала поголем број отпуштени отколку примени нови пациенти, пренесуваат странските медиуми.
Овој податок се толкува како уште еден позитивен сигнал дека Италија во изминатиов период го достигна врвот на кризата и сега стануваат видливи резултатите од строгите мерки за изолација кои стапија на сила пред четири недели.
Бројот на смртни случаи во Италија во последните 24 часа изнесува 525 што е најмал број регистрирани жртви во едно деноноќие во последните две недели.
Вкупниот број на починати пациенти од коронавирусот во оваа земја изнесува 15 887. Бројот на заразени, пак, е 128 948.