Бојан Јовановски-Боки 13 во денешното сведочење зборуваше и за критичниот ден – 20 февруари 2019 година за кога се тврди дека од домот на Орце Камчев била земена торбата „луј витон“ со еден милион евра.
„Дента, Зоран Милески околу 11-12 часот дојде кај мене, испи кафе и си отиде. Јас отидов на работа и ми рече ќе дојде да ме земе и ќе одиме кај Орце Камчев. Околу 15:30 со неговото возило ме зеде од телевизијата и ме однесе кај Камчев дома. Тие разговараа нешто кратко во една просторија и дојдоа во другата каде што бев јас… Не разговаравме ништо за таа торба, ја немав видено. Кога ја видов, беше затворена, не сум бил присутен кога е направена снимката каде што се бројат парите. По половина час, заминавме, Милески ја зеде со таква леснотија, а пишува дека таму имало еден милион евра. Заминавме, Зоран Милески ме остави пред домот на моите родители и си замина со торбата. Беше затворена, не видов никакви пари, ги видов на камера тука. Во ниеден момент немам никаков допир со таа торба. Ако обвинителството ја пронајдеше, можеше да ја извештачи и да докаже нешто… Не случајно побарав да бидат изведени видеоснимки од камерите од семејниот дом на Камчев зашто таму ќе се види дека на 21 или 22 февруари истиот Зоран Милески ја враќа истата торба кај Камчев. Тие хард-дискови ги има во оригинал во обвинителството“,
тврдеше Боки во денешното сведочење.
Видеоснимките со парите и како Кичеец, кој ја носи торбата, заминува од домот на Камчеви, Боки ги нарече груба монтажа.
Тој тврди дека во еден момент и го прашал Милески што прави со таа торба.
„Ништо, да му ја вратам на Орце“, одговорил Милески, тврди Боки илустрирајќи како тоа звучело на дијалектот на Кичеец.
Зборувајќи за парите, тој го спомена и Врховниот суд, за што рече има сознанија.
„Тоа, како правеле и што правеле преку други лица како да излезат преку Врховен суд, ако сакате да знаете, ќе споделам, имам сознанија“,
рече Јовановски.
*Поврзани вести
Боки: Кичеец ми кажуваше дека неколку пати со Ана Камчева бил во кабинетот на Заев
Судот одби Заев, ексдиректорот на УБК и уредници од 1 ТВ да сведочат во „Рекет“
„Рекет“: Катица Јанева го тужела Боки за неовластено снимање