Со заокружување на процесот на реконструкција на Владата очекувам да отпочнат јавно разговори за и околу јавната широка дебата за уставните амандмани. Доколку се движи според очекуваното темпо јавната расправа и вклученоста на граѓаните и стручната фела во целата дискусија можеби е за очекување некаде во мај да почне процедурата во Собранието, смета потпретседателот на СДСМ

Уставните измени се важни за членството во ЕУ кое значи бројни придобивки за граѓаните и државата. Очекувам некаде во мај да почне процедурата во Собранието, потенцираше потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во вечерашното интервју за емисијата „Патот кон“ на Алсат М телевизија.
„Со заокружување на процесот на реконструкција на Владата очекувам да отпочнат јавно разговори за и околу јавната широка дебата за уставните амандмани. Практично да се отвори дискусија и со пратениците и со стручната фела и со јавноста, да се објасни на граѓаните што значат тие амандмани, дека тоа значи делови од народи, дел од Хрватите, Бугарите, Црногорците, да влезат во уставот. Да се објасни и да се дискутира со стручната фела како тие амандмани најдоборо може да изгледаат, но и да се објасни дека тоа може само да ја зајакне С Македонија, не може да ја ослабни. Доколку се движи според очекуваното темпо, јавната расправа и вклученоста на граѓаните и стручната фела во целата дискусија, можеби е за очекување некаде во мај да почне процедурата во Собранието“,
рече Богоев.
Тој додаде дека членство во ЕУ значи повеќе пари во државата, повеќе инвестиции, повеќе работни места, поголем извоз на фирмите кои произведуваат тука а ќе можат да извезуваат.
„ЕУ значи подобри можности за образование на младите од Македонија, можност да одат да студираат таму а знаењето од ЕУ да се вратат и да го имплементираат тука“,
додаде Богоев.
Богоев потсети дека само во изминатите неколку месеци поддршката од ЕУ за земјава е над 200 милиони евра.
„Само во изминатите неколку месеци поддршката од ЕУ е над 200 милиони евра. 100 милиони евра се за справување со енергетската криза, околу 80 милиони евра за справување со економската криза, да може да ги избегнеме ценовните шокови, 53 милиони од тие пари се за проекти, ветерни паркови, хидроцентрали, регионални депонии кои ќе ја исчистат државата од отпад. Ете тоа значи ЕУ и затоа се важни уставните измени“,
нагласи Богоев.
Според него двотретинското мнозинство во парламентот не му треба на СДСМ, тоа и треба на државата за да го откочи евроинтегративниот процес.
„Владата си има 65 пратеници во моментов и тоа е комотно и нормално мнозинство. 80 пратеници не му требаат на СДСМ, тие и требаат на Македонија и на граѓаните кои тука живеа, Макеонски, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Срби. Зошто? Зашто со 80 пратеници ќе се откочи патот кон ЕУ. Двотретинско мнозинство во Собранието е интерес на дрќавата, не на СДСМ. Очекувам овој момент да го препознаат сите пратеници и сите челници во сите политички партии“,
додаде Богоев.
Богоев најави и дека во следните три месеци во собраниска процедура ќе влезе предлог закон за ветинг.
„Законот за ветинг би подразбирал поедноставување на процедурите и вмрежување на институциите да го проверат имотот на функционерите, како и потекло на имот, потекло на пари, имот на блиски и слично. Мислам дека може да се очекува во следните три месеци да имаме таков закон кој ќе влезе во собраниска процедура, ќе има јавна расправа и ќе се земат некои искуства и практики од ЕУ и од други развиени држави во западна Европа и од светот кои имаат вакви закони. Мое мислење е дека ќе добиеме еден систем и механизам не само за сега туку и во иднина, сите функционери да мораат да докажат потекло на имот, а ова да биде проследено со унапредување на Закон за конфискација на имот. Со овој закон ќе направиме голем исчекор на полето на владеење на правото“,
порача потпретседателот на СДСМ Стефан.
Богоев додаде дека токму Законот за ветинг на функционери бил дел од платформата за коалицирање со Алијанса за Албанците.