Блинкен предупреди дека мора да се преземат мерки на претпазливост за да се избегне повреда на цивилите од сите националности
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен зборуваше на заедничка прес-конференција по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Тој рече дека е благодарен што се вратил во Израел во „неверојатно тешко“ време за целиот свет.
„Невозможно е да гледам фотографии од убиени семејства… и да не мислам на сопствените деца. Бебиња заклани, тела осквернети, млади живи запалени, жени силувани, родители егзекутирани пред нивните деца, деца пред нивните родители. Како можеме воопшто да го разбереме тоа?“,
праша тој.
Тој во исто време ја пофали и „храброста на израелските граѓани“.
„Пораката што му ја носам на Израел е следната – можеби сте доволно силни за да се одбраните, но додека постои Америка, никогаш, никогаш нема да морате“,
рече Блинкен.
Секој што сака мир и правда, додаде тој, мора да го осуди владеењето на теророт на Хамас.
„Хамас има само една агенда – да го уништи Израел и да ги убива Евреите“,
изјави Блинкен.
Сепак, тој предупреди дека мора да се преземат мерки на претпазливост за да се избегне повреда на цивилите од сите националности.
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, на заедничката прес-конференција со Блинкен повторно го спореди Хамас со ИСИС.
„Бајден беше во право што го нарече чисто зло. Хамас ќе биде третиран како ИСИС“,
рече Нетанјаху.
Ова е време кога мораме да се исправиме, обединети против злото, додаде тој.
„Заземаме став. Америка зазема став“,
рече Нетанјаху и му се заблагодари на Блинкен.