Шведска и Финска поднесоа писмени апликации за влез во НАТО минатата недела и овој потег претставува една од најголемите геополитички последици од руската војна во Украина и може да ја промени безбедносната карта на Европа
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека е убеден оти приговорите на Турција за влезот на Финска и Шведска во НАТО може брзо да се надминат, веројатно на време за самитот на лидерите на Алијансата на крајот на следниот месец.
На прес-конференција во Вашингтон со финскиот министер за надворешни работи Пек Хависто Блинкен, тој рече дека САД немаат причина да веруваат дека загриженоста на Турција не може да се реши, пренесе АП.
„САД целосно го поддржуваат пристапувањето на Финска и Шведска во алијансата и останувам уверен дека и двете наскоро ќе станат членки на НАТО“,
рече Блинкен, додавајќи дека со нетрпение очекува Финска и Шведска да ги наречат сојузници.
Хависто рече дека неговата земја и Шведска во последните денови имале добри преговори со претставниците на Турција за нивната загриженост и додаде дека разговорите ќе продолжат со цел да се решат проблемите пред самитот на НАТО во Мадрид на крајот на јуни.
Шведска и Финска поднесоа писмени апликации за влез во НАТО минатата недела.
Овој потег претставува една од најголемите геополитички последици од руската војна во Украина и може да ја промени безбедносната карта на Европа, наведува американската агенција.