Во честитката, државниот секретар порачува и дека САД стојат со земјава во напорите да го промовира владеењето на правото
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен упати честитка по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија. Во честитката, тој ја истакнува поддршката на САД за натамошно развивање на партнерските односи, за просперитет и интеграција на земјава во ЕУ и за промоција на владеењето на правото.
„Во име на САД, му честитам на народот на Северна Македонија на прославата на 32 години од независноста. САД ја поддржуваат Северна Македонија во спроведувањето на реформите за интегрирање во ЕУ и воспоставување уште посилни односи со соседните европски земји. Северна Македонија направи големи чекори за да обезбеди просперитет на сите нејзини граѓани додека се соочува со глобалните предизвици, а ние стоиме со вас во вашите напори да го промовирате владеењето на правото“,
вели Блинкен.
Во честитката што ја објави Стејт департментот, државниот секретар додава дека со нетрпение очекуваат да го зајакнат партнерството со Северна Македонија и да ги унапредат заеднички демократски вредности во годините што доаѓаат.