Пред своето заминување во Тел Авив, американскиот државен секретар рече дека ќе побара конкретни мерки од Израел за да се осигури дека штетата на палестинските цивили ќе се намали бидејќи американскиот претседател Џо Бајден, исто така, повика на хуманитарни паузи во конфликтот
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја започна својата втора посета на Израел од почетокот на конфликтот меѓу израелската војска и милитантната група Хамас.
Според најавите, американскиот државен секретар ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со други претставници на владата на Израел, а своето патување ќе го фокусира на мерките за минимизирање на штетата на цивилите во Појасот Газа.
Пред своето заминување во Тел Авив, Блинкен рече дека ќе побара конкретни мерки од Израел за да се осигури дека штетата на палестинските цивили ќе се намали, бидејќи американскиот претседател Џо Бајден, исто така, повика на хуманитарни паузи во конфликтот.
Блинкен беше во посета на Израел на 12 октомври, неколку дена откако Хамас ги започна нападите на израелска територија. На израелските власти тогаш им порача: „Можеби сте доволно силни за да се одбраните, но додека постои Америка никогаш, никогаш нема да морате“. Сепак, предупреди дека мора да се преземат мерки на претпазливост за да се избегне повреда на цивилите од сите националности.