Најновиот прекин на огнот, кој се совпаѓа со тековниот муслимански празник, помогна да се олесни евакуацијата на илјадници луѓе од главниот град на Судан, Картум
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен синоќа изјави дека двајцата завојувани судански генерали се согласиле да го продолжат кревкиот прекин на огнот за уште три дена бидејќи странските земји продолжуваат да ги евакуираат своите граѓани од Судан.
„По интензивните преговори во изминатите 48 часа, суданската армија и Силите за брза поддршка (РСФ) се согласија на национален прекин на огнот кој започнува на полноќ на 24 април (понеделник 24 часот по средноевропско време) и треба да трае 72 часа“,
рече Блинкен.
Завојуваните страни, редовната армија и паравоените сили за брза реакција, главно ги игнорираа прекините на огнот.
Најновиот прекин на огнот, кој се совпаѓа со тековниот муслимански празник, помогна да се олесни евакуацијата на илјадници луѓе од главниот град на Судан, Картум.
Примирјето требаше да истече синоќа.