Лидерите на Соединетите Американски Држави, Франција, Германија и Велика Британија упатија апел за воздржаност за украинската нуклеарна централа Запорожје која во моментот е под контрола на руската армија.
Претседателот Џо Бајден и Мануел Макрон, канцеларот Олаф Шолц и премиерот Борис Џонсон побараа инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да ја посетат нуклеарната централа.
Четворицата западни лидери се договориле дека ќе продолжат да даваат поддршка на Украина и нејзината одбрана од руската агресија.
Сѐ почестите битки околу електраната на југот на Украина поттикнуваат страв од можна нуклеарна катастрофа која би била полоша од онаа во Чернобил.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера се согласи инспекторите на МААЕ да влезат во Запорожје.