Како што пренесе „Билд“, мрежата е формирана околу принцот Хајнрих, кој е класифициран како безбедносна закана, како и поранешната пратеничка на АФД и берлинска судијка Биргит М.В
Во Германија денеска, во рации на полицијата, се уапсени 25 лица под сомнение дека подготвувале државен удар.
Германските медиуми пишуваат дека екстремни десничари и поранешни припадници на војската планирале да го нападнат парламентот и да ја преземат власта. Седумдесет и едногодишниот Германец, кој се вика принцот Хајнрих Осми, е идентификуван како мозокот на операцијата.
Како што пренесе „Билд“, мрежата е формирана околу принцот Хајнрих, кој е класифициран како безбедносна закана, како и поранешната пратеничка на АФД и берлинска судијка Биргит М.В.
Меѓу уапсените е и рускиот државјанин Виталиј Б.
Бугарската агенција БГНЕС јавува дека уапсениот принц, мозокот на операцијата, кој требало да застане на чело на државата по државниот удар, бил наследник на бугарска царица.
„Принцот Хајнрих Осми Ројс цу Костриц требаше да биде на чело на новиот рајх како регент. Тој му припаѓа на кнежевското семејство Реус од Тирингија, од кое потекнува бугарската кралица Елеонора (1908-1917)“,
пренесе БГНЕС.
БГНЕС потсетува дека бугарската кралица има големи заслуги за Бугарија, таа е исклучително благородна и голем бранител на националната кауза.
„Кралицата Елеонор е една од ретките светли фигури во нашата инаку мрачна историја во изминатите 140 години“,
пишува БГНЕС.