Најголемиот број прекршоци, вкупно 27 360, се за управување возило со брзина над дозволената, 833 прекршоци се за управување возило со измината важност на сообраќајната дозвола, а 301 прекршок за минување на црвено светло
Системот „Безбеден град“ изминатиот месец регистрирал вкупно 28 494 прекршоци во градовите и на коридорите каде што се поставени камери за автоматско регистрирање сообраќајни прекршоци.

Најголемиот број прекршоци, вкупно 27 360, се за управување возило со брзина над дозволената, 833 прекршоци се за управување возило со измината важност на сообраќајната дозвола, а 301 прекршок за минување на црвено светло. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека изминатиот месец се изречени и 781 мерка забрана за управување со возило.
„Од нив 295 се за минување на црвено светло, а 486 се за брзо возење, од кои 347 за брзина поголема од 80 километри на час во населено место, 86 за брзина поголема од 10 километри на час – сопствено ограничување на возило и 83 за брзина поголема од 170 километри на час во ненаселено место“,
велат од МВР и апелираат на почитување на сообраќајните правила и прописи.
