ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи волјата на граѓаните повторно да биде прегазена исто како во времето на СДС, велат од владејачката партија
ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од ставот дека без гаранции од ЕУ во форма на заклучоци, нема да се отвори Уставот.
Оттаму велат дека претходната власт на СДСМ и ДУИ направила уставни измени за промена на името, но наместо отворање на поглавјата и преговори со ЕУ, доби вето.
„Ние добивме слика од владин авион. Лековерноста на политичарите како Венко Филипче и Зоран Заев доведе да го промениме државното име и наместо влез во ЕУ, да добиеме вето од Холандија, Франција, а подоцна и од самата Бугарија. Вчера Зоран Заев, денес Венко Филипче, ги лажат граѓаните дека Бугарите во Устав се рецептот за чекор кон ЕУ, односно за влез кон ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи волјата на граѓаните повторно да биде прегазена исто како во времето на СДС. Уставни измени без гаранции нема да има“
кажа на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
Претходно денеска СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека иако најавил спроведување на Реформската агенда и обврските за продолжување на европскиот пат на државата, сепак, се работи за уште едно неисполнето ветување. Оттаму велат дека без исполнување на оваа обврска нема отворање на следните поглавја, нема да има напредок во преговорите, нема пристап до нови европски можности и фондови, нема забрзан економски развој и подобар животен стандард за граѓаните.
„Мицкоски нека ги внесе малцинствата во Уставот или нека излезе пред граѓаните и искрено да признае дека не сака членство во Европската Унија. Мицкоски и ВМРО ја туркаат Македонија кон изолација затоа што се плашат од европските стандарди, од независното судство, од Европското јавно обвинителство и од одговорноста за криминалот и корупцијата“,