Во период кога земјата се соочува со недостиг на медицински сестри и теехничари, според неа, раскунување на договорите на ваков кадар е несериозно и нехумано. Затоа, смета дека причините за тоа треба да бидат поеединечно образложени и поткрепени со факти
Итно вработување на медицински сестри и техничари што со години работат без здравствено и пензиско осигурување, побара денеска на прес-конференција Гордана Бешлиовска, претседателка на Унијата што ја предводи Здружението на медицински сетри, техничари, акушерки и стоматолошки сетри „За нас“.
Посочи дека 120 нивни колеги, кои шест или седум години работеле со договор на дело, останале без работа откако Општата болница Припел еднострано им ги прикинала договорите за работа, а на нивно место дошле нови кадри.
Поради тоа, некои од медицинските сестри биле приморани да бараат работа по бутици.
Според неа, на медицинските сестри и техничари не им било кажано да не доаѓаат на работа, туку дека нема финансиска согласнот за нивната јануарска плата.
„Регираме по кој знае кој пат и апелираме да се престане со поразителна поделба на медицинските сестри и теехничари според политичката реторика и опција, политиката од типот на средни и високи, полова и возрасна поделба, но и тотално неразумна поделба по национална или етничка припадност. Во нашата професија фактор за квалитет се професионализмот и емпатијата“,
рече Бешлиовска.
Во период кога земјата се соочува со недостиг на медицински сестри и теехничари, според неа, раскунување на договорите на ваков кадар е несериозно и нехумано. Затоа, смета дека причините за тоа треба да бидат поеединечно образложени и поткрепени со факти.
„Бараме да бидеме вклучени во сите инстанци и на сите нивоа каде се носат какви било одлуки за медицинските сестри и медицински техничари. Оваа профсија се одбира и се работи зашто се сакаат животот и добробитта на пациентите. Ако нацијата е богатство на државата, тогаш медицинските сестри сее богатство на нацијата. Време е решенијата да бидат системски и во интеерес на сите“,
вели таа.
Спореед неа, запоставувањето на професијата ќе остави катастрофални последици врз здравствениот систем, ќе ја намали вредноста на пциентите, а ќе ја поскапи здравствената нега.