Обвинителството од Берово бара судот да изрече казна од 1 000 евра за граѓанин кој вчера попладне бил фатен како се движи пеш во градот.
Според информациите од обвинителството, тој бил фатен во 17:35 часот на улицата „Моша Пијаде“, односно во време на полицискиот час, кој викендов почнуваше во 16 часот.