М.П. (29) од беровското село Будинарци e лишен од слобода откако од својот татко изнудил 10 илјади евра, лажејќи го дека е киднапиран. Полицијата го товари за кривично дело „изнуда“.
Неговиот татко Д. П. (57), вчера околу 18 часот, во надворешната канцеларија за криминалистички работи во Берово пријавил дека добил смс од телефонот на неговиот син, со која се барале 10.000 евра за М.П. да биде пуштен.
Порака со слична содржина на „месинџер“ добила исопругата на М.П, како што се наведува во полициското соопштение.
Во координација со јавен обвинител и со полициски службеници од СВР – Штип биле преземени мерки и активности, а на разговор биле повикани Љ.П, брат на пријавениот, и М.П, сопруга на пријавениот, чиј мобилен телефон, со потврда, бил привремено одземен.
Малку подоцна, Д. П. пријавил дека откако ги оставил парите на наведената локација, М. П. се вратил дома, по што и тој бил повикан на разговор во просториите на ОВР – Берово.
Тој го признал делото, а парите се пронајдени и вратени на неговиот татко, се посочува во соопштението на МВР.
