Од Зоолошката градина велат дека се сомневаат оти станува збор за труење од гранки од растението тиса (Taxus Baccata) кое може да биде отровно за животните
Минатиот вторник во скопската Зоолошка градина пцовисале берберски овци кои немале видливи знаци на повреди и претходно не покажувале знаци на болест, информираа денеска од ЗОО Скопје.
Оттаму додаваат дека веднаш повикале инспектор од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, кои направиле целосен увид и ја отпочнале постапката за обдукција на пцовисаните единки.
„Причината за смртта ќе биде соопштена кога ќе бидат направени сите анализи и ќе ги добиеме резултатите од обдукцијата“,
се наведува во објавата на ЗОО Скопје на Фејсбук.
Од Зоолошката градина велат дека се сомневаат оти станува збор за труење од гранки од растението тиса (Taxus Baccata) кое може да биде отровно за животните.
Во последните две години во Зоолошката пцовисаа два пингвина, три пржевалски коњи, слоницата Дуња, жирафата Каспер.