Европејците ги засилија санкциите против Минск во врска со репресиите на големите протести по ланскиот реизбор на Лукашенко
Белорусија соопшти дека,во знак на протест поради воведените санкции кон Минск, го прекинува своето учество во Источното партнерство на ЕУ, кое има за цел да ги приближи Европејците и поранешните советски републики.
„Не можеме да ги исполниме нашите обврски од овој договор, во контекст на санкциите и ограничувањата наметнати од ЕУ“,
се наведува во соопштението на белоруското Министерство за надворешни работ.
Европејците ги засилија санкциите против Минск во врска со репресиите на големите протести предизвикани од реизборот на Александар Лукашенко за претседател, во август 2020 година.