Белорускиот претседател Александар Лукашенко претходно изјави дека Белорусија и Русија ќе распоредат заеднички воени единици на западните граници на земјата како одговор на, како што рече, „ескалацијата на тензиите“
Белорусија денеска објави дека почнала да ги повикува граѓаните да проверат дали се регистрирани во армијата, но тврди дека не планира да се мобилизираат.
„Активностите за регистрација и регрутирање на војската се строго рутински и се очекува да бидат завршени до крајот на оваа година“,
соопшти Министерството за одбрана.
Иако Белорусија не испрати свои војници да се борат во Украина, таа им ја отстапи својата територија на руските сили кои ја користат како задна база.
Киев смета дека руските авиони што ја бомбардираат Украина полетуваат од Белорусија.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко претходно изјави дека Белорусија и Русија ќе распоредат заеднички воени единици на западните граници на земјата како одговор на, како што рече, „ескалацијата на тензиите“.
По ова, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди лидерите на Г-7 дека Русија се обидува да ја вовлече Белорусија во војната во Украина, со провокација дека наводно Украинците подготвуваат напад врз Белорусија.