Акцијата, според веб-порталот „Политико“, е поврзана со таканаречениот случај „Рашагејт“, каде што постојат сомнежи дека на европратеници им било пристапувано и биле плаќани да промовираат руска пропаганда преку веб-страницата на Гласот на Европа
Полициски екипи денеска извршиле претреси на повеќе локации во Брисел во врска со сомневања за „руско мешање“ во Европскиот парламент, пишува порталот Политико.еу (Politico.eu) повикувајќи се на соопштение на федералниот обвинител.

Претресите, како што се наведува, биле извршени во приватна резиденција во Брисел и во канцелариите на Европскиот парламент во Стразбур и Брисел.
Акцијата, според веб-порталот, е поврзана со таканаречениот случај „Рашагејт“, каде што постојат сомнежи дека на европратеници им било пристапувано и биле плаќани да промовираат руска пропаганда преку веб-страницата на Гласот на Европа.
„Постојат индиции дека засегнатиот вработен во Европскиот парламент одиграл значајна улога во ова“,
рекле белгиските органи за спроведување на законот, пренесува „Политико“.
? BREAKING: Police carried out raids today in connection to “Russian interference” in the European Parliament, according to a statement by the federal prosecutor.
— POLITICOEurope (@POLITICOEurope) May 29, 2024
Full story: https://t.co/2QPBTKIBE9 pic.twitter.com/1KOV2q5Pn9
ЕУ го санкционира Гласот на Европа по разгорувањето на скандалот кон крајот на март.
Повеќе информации за акцијата, како што пишува порталот, се очекуваат во текот на денот.