„Овој извештај од медиумите контролирани од Иран не е вистинит, а меморандумот за разбирање што го објавија е целосна измислица. Никој не треба да верува во она што го објавуваат иранските државни медиуми. Фактите се важни“, велат од Белата куќа

Белата куќа го оцени извештајот на иранската државна телевизија за рамковниот договор со САД за завршување на војната на Блискиот Исток како „целосна измислица“.
Иранскиот извештај наведува нацрт-преглед на меморандумот за разбирање (МОУ) за кој се вели дека вклучува обврска на САД да ја укинат поморската блокада врз Иран и да ги повлечат своите сили од регионот на Заливот.
„Овој извештај од медиумите контролирани од Иран не е вистинит, а меморандумот за разбирање што го објавија е целосна измислица. Никој не треба да верува во она што го објавуваат иранските државни медиуми. Фактите се важни“,
велат од Белата куќа во објава на Икс.
This report from Iranian controlled media is not true and the MOU they “released” is a complete fabrication. Nobody should believe what Iranian state media is putting out. FACTS MATTER. https://t.co/agpTnBSgKu
— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) May 27, 2026
Иранската државна телевизија денеска објави дека Техеран добил нацрт на првиот неофицијален рамковен меморандум за разбирање помеѓу Иран и САД за завршување на војната. Во документот, како што јави иранската телевизија, Иран во рок од еден месец ќе ја обнови комерцијалната пловидба низ Ормускиот Теснец до нивото од пред војната, додека САД ќе ги повлечат своите воени сили од регионот и ќе ја укинат поморската блокада.
Иранската државна телевизија јави дека рамката, која ги исклучува воените бродови и предвидува Иран да управува со бродскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец во соработка со Оман, сè уште не е финализирана и оти Техеран нема да преземе никакви чекори без опиплива проверка.
Медиумот додаде дека доколку се постигне конечен договор во рок од 60 дена тој би можел да биде одобрен како правно обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на ОН.
