Лидерите на тринаесет партии членки на Европската народна партија (ЕПП) бараат исклучување на ФИДЕС, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Во писмото упатено до претседателот на ЕПП, Доналд Туск, лидерите потенцираат дека се загрижени за развојот на последните политички настани во Унгарија.
Станува збор за законот кој унгарскиот парламент го изгласа со цел да му се овозможи на премиерот Орбан да владее со декрет без утврден временски рок.
„Случувањата го потврдија нашето убедување дека ФИДЕС со своите сегашни политики не може да добие целосно членство во ЕНП“,
пишуваат потписниците на ова писмо.
Меѓу потписниците се претседателите на 13 од 82 партии членки на ЕПП. Сепак, ниту една од најголемите политички партии, особено германската ЦДУ и Шпанската народна партија, не се приклучија на ова барање.
Барањето на овие тринаесет партии му овозможува на Доналд Туск да започне постапка за исклучување. Ова ќе биде трет пат да се разговара за вакво барање во врска со партијата на Виктор Орбан. Претходните обиди пропаднаа затоа што неговите сојузници во ЕПП, особено ЦДУ, одбија да гласаат за исклучување.
Инаку ФИДЕС е суспендирана од ЕПП од март 2019 година.