Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е „неверојатно задоволен“ од исходот на американските избори откако демократите ја презедоа контролата врз Сенатот.
Во пресрет на самитот во Источна Азија, Бајден од Камбоџа порача дека исходот од изборите го одразува квалитетот на кандидатите од неговата партија, откако предвиде дека сенаторката Кетрин Кортез Масто ќе победи на реизборот во Невада.
„Сега сме фокусирани на Џорџија. Задоволни сме. И не сум изненаден од исходот. Неверојатно сум задоволен. И мислам дека тоа е одраз на квалитетот на нашите кандидати“,
рече Бајден.
Победата на демократите во вториот круг од изборите во Џорџија следниот месец ќе и даде на партијата мнозинство во Сенатот во однос 51:49, додека загубата сепак ќе ги задржи демократите на чело на Сенатот со 50:50, бидејќи демократската потпретседателка Камала Харис има одлучувачки глас во случај на изедначено гласање.