По клучната изборна трка во Невада, демократите ја задржаа контролата во Сенатот на САД. Сенаторката Кетрин Кортез Масто го победи републиканскиот противкандидат Адам Лаксалт, со што им донесе на демократите 50 места што им беа потребни за да го задржат Сенатот. Нејзината победа ја одразува изненадувачката сила на демократите низ САД оваа изборна година, пренесува „Гласот на Америка“, потенцирајќи дека се бараше реизбор во економски проблематична сојузна држава која има некои од највисоките цени на бензинот во државата. Кортес како што пишува се сметаше за најранливиот член на Сенатот, додавајќи ја фрустрацијата на републиканците кои беа уверени дека таа може да биде поразена.
Водачот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, ја потврди победата и рече дека резултатите покажале оти американскиот народ ја отфрлил, насилната реторика на Републиканската партија.
„Направивме многу и ќе направиме уште повеќе за американскиот народ“
рече Шумер.
Трката за Претставничкиот дом сè уште е неизвесна бидејќи Републиканската партија се бори да обезбеди тенко мнозинство таму.