Тој рече дека една од причините зошто милитантите на Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел е да се спречи нормализацијата на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија
Американскиот претседател Џо Бајден верува дека кризата меѓу Израел и Газа треба да вклучи пат кон мир, вклучително и независни држави за Израелците и Палестинците и интеграција на Израел со неговите арапски соседи.
Бајден денеска ја отвори заедничката прес-конференција со австралискиот премиер Ентони Албанес, велејќи дека поддршката на САД за одбраната на Израел е железна, но дека двете страни треба да размислуваат за патот напред во регионот откако ќе се реши кризата во Газа.
„Израелците и Палестинците подеднакво заслужуваат да живеат рамо до рамо во безбедност, достоинство и мир“,
рече Бајден.
Тој рече дека една од причините зошто милитантите на Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел е да се спречи нормализацијата на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија. Израел уби повеќе од 6 500 луѓе во одмазднички бомбардирања.
„Верувам дека невини се убиени и тоа е цената на војната. Откако кризата ќе заврши, мора да има визија за тоа што следува во регионот. Продолжуваат да ме информираат за доселениците кои ги напаѓаат Палестинците на Западниот Брег. Тие ги напаѓаат Палестинците таму каде што им е дозволено да бидат“,
изјави Бајден.
Албанес рече дека Австралија ќе обезбеди дополнителни 15 милиони долари хуманитарна помош за цивилите во Газа. Тој вети и континуирана соработка во борбата на Украина против руската инвазија.