Најверојатниот кандидат на Демократската партија предупреди дека ако Русија продолжи да се меша во изборите и ако тој биде избран за американски претседател ќе ги натера „да платат вистинска цена“
Русија продолжува со обидите да се меша во изборите во САД закажани за ноември, изјави најверојатниот кандидат на Демократската партија за претседател, Џо Бајден.
Бајден, кој рече дека почнал да прима брифинзи од разузнавањето, уверува дека Русите се уште се обидуваат да го делегитимиираат изборниот процес во САД.
Кина, од своја страна, работи на губење на довербата во изборниот резултат,
нагласи Бајден пред свои приврзаници, на настан за собирање средства преку интернет за неговата изборна кампања.
Тој предупреди дека ако Русија продолжи да се меша во изборите и ако тој биде избран за американски претседател ќе ги натера „да платат вистинска цена“.