САД ќе донираат 500 милиони дози вакцини против коронавирус, објави денеска американскиот претседател Џозеф Бајден во Корнвол, Велика Британија, ценувајќи дека тоа е „историски чекор“ во борбата против епидемијата.
„Нашата хуманитарна должност е да спасиме што е можно повеќе животи, а тоа е исто така во интерес на Американците“, рече Бајден, кој е во Велика Британија, каде утре започнува самитот на индустриски најразвиените земји – Г7.
Бајден рече дека 200 милиони дози ќе бидат распределени оваа година.
Претседателот на Соединетите држави е во прва посета на Европа од доаѓањето на власт. Кулминација на неговата посета е средбата на 16 јуни во Женева со неговиот руски колега Владимир Путин.