Американскиот претседател Џо Бајден се враќа на своите претседателски обврски и патувања откако денеска, втор пат по ред, добил негативен тест на ковид-19, објави неговиот личен доктор, Кевин О’Конор.
Бајден со денови имаше позитивен тест иако во себе го немал вирусот, а тоа според неговиот доктор се случува кај мал број на лица кои го земаат лекот Паксловид. Иако американскиот претседател беше негативен на тестирањето уште во саботата, Белата куќа тогаш објави дека тој ќе остане во изолација се додека не добие и втор негативен тест.
Бајден објави дека е позитивен на вирусот на 21 јули и дека има благи симптоми, а по неколку дена беше негативен на тестирањето. Сепак, на 30 јули тој повторно доби позитивен тест. Тој помина една недела во изолација во Белата куќа, а според агендата, тој наскоро треба да продолжи со службените патувања. Следната дестинација за него е сојузната држава Кентаки, која беше погодена од сериозно невреме и поплави.