„Ние сме овде на оваа Земја за да се грижиме едни за други, да се сакаме. Премногу често се гледаме едни со други како непријатели, а не како соседи и како сограѓани Американци“, вели актуелниот претседател во видеото во кое тој се јавува како наратор, додека камерата поминува покрај украсените зимзелени дрвја и украсените камини во Белата куќа
„Среќен Божиќ на радикалните леви лудаци, кои постојано се обидуваат да го попречат нашиот судски систем и нашите избори. Тие знаат дека единствената шанса за преживување е да добијат помилување од човек кој апсолутно нема поим што прави. Исто така, до гувернерот Џастин Трудо од Канада, чии граѓани плаќаат многу високи даноци, но доколку Канада стане нашата 51. држава, даноците ќе им бидат намалени за повеќе од 60 отсто“, напиша новоизбраниот претседател во една од повеќето пораки што ги упати за празникот
Американскиот претседател во заминување Џо Бајден и неговиот наследник на функцијата Доналд Трамп испратија различни пораки по повод Божиќ.

Демократот Бајден ги повика Американците да се обединат и да се однесуваат едни кон други со почит и достоинство, додека новоизбраниот републикански претседател првин го честиташе празник, а потоа преку серија објави ги нападна своите политички противници.
Бајден на Бадник објави видео од обиколка на Белата куќа во кое ги повика своите сограѓани да ги остават настрана сите работи што предизвикуваат поделби.
„Ние сме овде на оваа Земја за да се грижиме едни за други, да се сакаме. Премногу често се гледаме едни со други како непријатели, а не како соседи и како сограѓани Американци“,
вели Бајден, кој во видеото се јавува како наратор, додека камерата поминува покрај украсените зимзелени дрвја и украсените камини во Белата куќа.
Тој ги повика граѓаните на земјата да најдат момент за „тивко размислување и да се потсетат себеси дека треба да се однесуваат едни кон други со достоинство и почит, да „живеат во светлина“ и запомнат дека има повеќе работи што ги обединуваат, отколку што ги делат.
„Навистина сме благословени што живееме во оваа нација“,
рече тој.
May our nation be blessed with the peace and light of the holiday season.
— President Biden (@POTUS) December 24, 2024
Merry Christmas and Happy Holidays. pic.twitter.com/C1gBvivNKU
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп, пак, денеска на својата социјална платформа Трут соушл (Truth Social) објави порака „Среќен Божиќ“ со фотографија од него и од неговата сопруга Меланија Трамп. По неа тој објави дваесетина написи во кои се поддржуваат неговите политички позиции на повеќе теми, меѓу кои и објавите дека Пит Хегсет ќе го води министерството за обрана, како и барањето Гренланд и Панамскиот Канал да бидат дел од САД.
Подоцна, пренесува Ројтерс, Трамп објави подолга порака по повод Божиќ во која изнесува тврдења дека кинески војници управуваат со Панамскиот Канал, како и критики до канадскиот премиер Џастин Трудо, Бајден и до демократите.
„Среќен Божиќ на радикалните леви лудаци, кои постојано се обидуваат да го попречат нашиот судски систем и нашите избори. Тие знаат дека единствената шанса за преживување е да добијат помилување од човек кој апсолутно нема поим што прави. Исто така, до гувернерот Џастин Трудо од Канада, чии граѓани плаќаат многу високи даноци, но доколку Канада стане нашата 51. држава, даноците ќе им бидат намалени за повеќе од 60 отсто“,
напиша Трамп.
Џо Бајден ја презеде функцијата од Трамп во 2021 година, ветувајќи дека „ќе стави крај на оваа неграѓанска војна на црвено против сино, рурално против урбано, конзервативно против либерално“, само за да објави во јули дека се повлекува од претседателската трка во 2024 година за, како што вели, да ја обедини земјата.
Според некои анкети, наместо тоа, поларизацијата во земјата се зголеми, вклучително и за време на изборната кампања во 2024 година, во која Бајден повторно му се спротивстави на Трамп, но се повлече и изборната палка ѝ ја предаде на потпреседателката Камала Харис.
Новоизбраниот претседател, Трамп, кој ќе ја преземе власта на 20 јануари, по победата на изборите повика на гонење на наводните политички непријатели и вети дека ќе ја преструктуира федералната влада.