Една година пред претседателските избори во САД, анкетата објавена вчера во „Њујорк тајмс“ покажува дека претпоставениот републикански кандидат Доналд Трамп води пред претседателот во заминување Џо Бајден во пет од шесте клучни држави бидејќи демократот ја губи поддршката меѓу младите и малцинствата
Не сум сигурен дека повторно ќе се кандидирав за претседател ако тоа не го направеше Трамп. Не смееме да му дозволиме да победи, рече американскиот претседател Џозеф Бајден за време на говорот на настанот за собирање средства за неговата изборна кампања, пренесува Ројтерс.
Бајден размислува да се кандидира за претседател на САД во 2024 година, зашто своја кандидатура најавил поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

„Да не се кандидираше Трамп, не сум сигурен дека и јас би се кандидирал. Не смееме да му дозволиме да победи“,
рече Бајден.
Претходно беше објавено заедничко истражување на Ројтерс и Ипсос, според кое популарноста на Бајден овој месец е речиси на најниското ниво откако тој стана претседател.
Според истражувањето, околу 40 отсто од испитаниците го одобруваат настапот на Бајден како претседател, што е благ пораст од 39 отсто минатиот месец.
Според Ројтерс, рејтингот на Бајден се намалува од август 2021 година, кога беше под 50 отсто, додека овој месец е околу 36 отсто и е блиску до најниското ниво за време на неговото претседателствување.
Коментарите на Бајден доаѓаат во време кога дури и тврдокорните демократски гласачи изразуваат загриженост за возраста на претседателот, кој минатиот месец наполни 81 година.
Според американските медиуми, помошниците на претседателот сè повеќе веруваат дека Трамп ќе го зацементира својот статус како главен кандидат за републиканскиот претседателски мандат.
За време на неговата претседателска кампања во 2020 година, Бајден често споменуваше дека неговата одлука да се кандидира делумно се должи на дејствијата на тогашниот претседател за поединечни прашања, вклучително и собирот на белите националисти во 2017 година во Шарлотсвил, Вирџинија.
Од друга страна, Доналд Трамп во моментов важи за голем фаворит за претседателски кандидат на Републиканската партија.
Неговото присуство во политиката и објавувањето на неговата кандидатура за изборите дополнително влијае на одлуката на Бајден да се кандидира за втор мандат.
Една година пред претседателските избори во САД, анкетата објавена вчера во „Њујорк тајмс“ покажува дека претпоставениот републикански кандидат Доналд Трамп води пред претседателот во заминување Џо Бајден во пет од шесте клучни држави бидејќи демократот ја губи поддршката меѓу младите и малцинствата.