Во Австрија од 14 април ќе бидат отворени продавниците за градежни и градинарски материјали, како и сите други продавници со максимална површина до 400 квадратни метри.
Тоа е предвидено со уредба издадена од министерот за здравство Рудолф Аншобер, која се однесува на постепено повторно придвижување на економијата, односно отворање на продавниците кои беа затворени поради рестриктивни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.
Според оваа уредба, продавниците ќе работат од 7:40 до 19 часот.
Трговските центри ќе останат затворени до мај, како што беше претходно најавено во планот за постепено враќање на нормалното функционирање на општеството.