Спроведувањето на строги мерки како карантин за лица што не се целосно вакцинирани против коронавирусот престанува да важи в понеделник на 31 јануари, изјави австрискиот министер за здравство Волфганг Микштејн.
Тој рече дека мерките ќе бидат укинати како резултат на помалиот притисок на болниците.
„Заклучивме дека строгото затворање на невакцинираните луѓе во Австрија е оправдано само во случај на закани од непосредно оптоварување на капацитетите на одделенијата за интензивна нега“,
истакна Микштејн на конференцијата за новинари во Виена.
Микштејн додал и дека според експертите повеќе не се потребни строги мерки за затворање во земјата.