Од АВМУ и ЗНМ апелираат дека јавните функционери и претставници на институциите треба да се трудат да даваат одговори на сите новинарски прашања особено при известување за теми кои се во фокусот на интерес на јавноста
Генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, за време на прес-конференцијата во просториите на Градот одбегна да одговара на новинарски прашања во врска со блокадите и сообраќајниот хаос во главниот град и ги упати новинарите да испратат прашања на електронската адреса
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагираат на односот на генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, кон новинарите кога тој за време на прес-конференцијата пред два одби да даде одговори на новинарски прашања со образложение дека имал други обврски.
Од АВМУ и ЗНМ апелираат дека јавните функционери и претставници на институциите треба да се трудат да даваат одговори на сите новинарски прашања особено при известување за теми кои се во фокусот на интерес на јавноста.
„Потсетуваме дека новинарите се гласот на јавноста и нивна главна задача е да истражуваат и да поставуваат прашања кои се од јавен интерес, додека функционерите се тие кои треба да дадат одговори на тие прашања и да обезбедат безбедни услови за вршење на нивната работа“,
порачаа од Здружението на новинари на Македонија.
Генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, за време на прес-конференцијата во просториите на Градот одбегна да одговара на новинарски прашања во врска со блокадите и сообраќајниот хаос во главниот град и ги упати новинарите да испратат прашања на електронската адреса.
Во кратката изјава тој обвини дека блокадите се поради политички и лични интереси на поединци.
На крајот од изјавата рече дека тука сака и да заврши бидејќи имаат обврски кои ги „притискаат“ со оглед дека Градот е блокиран и во извршување на јавните дејности на самата градска администрација.