При претресот на домот на Тецуја Јамагами (41), кој го застрела поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе биле пронајдени и конфискувани повеќе пиштоли слични на оној пронајден кој тој го употреби за да го изврши атентатот. Тој самиот и признал на полицијата дека освен рачно изработени пиштоли, се обидел да направи и бомба.
Обвинетиот по апсењето рекол дека дејствувал од омраза кон религиозна група која го поддржува Абе.
Ниту полицијата, ниту јапонските државни медиуми се уште не ја именуваат групата. Меѓутоа, онлајн магазинот „Gendai Business“ тврди дека станува збор за контроверзната Црква за обединување на покојниот јужнокорејски верски и деловен водач Сан Мјунг Мун.
Позната како Секта на Месечината, Црквата на обединување има членови во многу земји, вклучително и во Јапонија, и е основана од Мун во 1954 година.