Назми Рахмани досега ја извршуваше функцијата помошник-директор во ова училиште
По првпат средното економско училиште „Арсени Јовков“ во Скопје ќе добие Албанец за директор, ексклузивно објави Алсат-М.
Телевизијата неофицијално дознава дека именувањето на Назми Рамани за директор на училиштето доаѓа како резултат на постигнат договор меѓу „огнената група“ на ДУИ и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Назми Рахмани досега ја извршуваше функцијата помошник-директор во ова училиште.
Арсовска претходно ги именуваше Саид Саид и Зухејр Реџепи од ДУИ за нови в.д. директори на јавните скопски претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“ на местото на претходните од ВМРО-ДПМНЕ.
Се работи за членови на крилото во ДУИ познато како „огнена група“ која неодамна со отворено писмо побара промени во партијата.