Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во куса изјава за медиумите по утринската, божикна литургија во Соборниот храм, им го честиташе Божик на сите православни христијани и посака оваа година да биде подобра од претходната.
„На сите православни христијани, на македонскиот народ би сакала да му посакам на денот на Христовото раѓање – Божик да бидат среќни, да бидат со добро здравје, весели, да живеат со благосостојба. Оваа година да ни биде подобра од изминатата. Се надевам дека ќе биде година во која ќе си помагаме, ќе бидеме хумани и ќе придонесеме за Македонија да биде поубаво место за живеење“,
кажа Арсовска.