Токму питомците кои се наоѓаат во Центарот за обука „Пепелиште“, се вели во реакцијата на МО и Генералштабот, се први кои се вклучија во борбата со пожарот
Припадниците на Армијата немаа никакви активности во реонот каде што во моментов има активен пожар, се вели во реакција на Министерството за одбрана (МО) и Генералштабот на Армијата во врска со пожарот кој ја зафати околината на неготинско Пепелиште.

Токму питомците кои се наоѓаат во Центарот за обука „Пепелиште“, се вели во реакцијата на МО и Генералштабот, се први кои се вклучија во борбата со пожарот.
„Во текот на вчерашниот ден вежбовните активности на питомците се изведуваа на АП ‘Криволак’ и истите завршија во 10:00 часот. Се работи за две различни локации односно на реонот каде започнал пожарот немало никакви активности од страна на припадници на Армијата“,
се додава во писмената реакција.
Оттаму додаваат дека армиските припадници до доцна во ноќта помагале во гаснење на пожарот, а во гасење на пламентите јазици продолжиле и денеска од копно и од воздух.