Македонска црковна делегација секоја година на 24 мај има средба со папата во Ватикан, но во рамки на официјална посета на македонската државна делегација за чествување на свети Кирил. Меѓу владиците кои биле на тие средби бил и архиепископот Стефан, но последен пат во 2019 година
Архиепископот Стефан, поглаварот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, следниот месец ќе патува во прва официјална посета на Ватикан на средба со папата Франциск.

Според информации на порталот Религија.мк, средбата на г.г. Стефан и папата Франциск е закажана за 26 февруари во Ватикан.
Како што пишува порталот, засега нема детали кој е мотивот и причината за оваа средба ниту, пак, има детали што ќе биде на дневен ред на разговори во Ватикан.
Нема информации ниту дали и кој од МПЦ-ОА ќе го придружува архиепископот на оваа средба.
Македонска црковна делегација секоја година на 24 мај има средба со папата во Ватикан, но во рамки на официјална посета на македонската државна делегација за чествување на свети Кирил.
Меѓу владиците кои биле на тие средби бил и архиепископот Стефан, но последен пат во 2019 година.
Според порталот Религија.мк, оваа средба меѓу г.г. Стефан и папата Франциск значи оддавање почит и чест за МПЦ-ОА.