Аргентинскиот навивач се задушил во неделата (19 декември) откако националното знаме што го носел околу вратот се заглавило меѓу едно од тркалата на неговиот мотор. Тој го возел моторот додека ја славел победата на неговата земја на Мундијалот, по што наеднаш изгубил контрола над возилото и паднал на асфалтот. Починал веднаш откако случајно останал без кислород
Момче на 22-годишна возраст се задушило до смрт за време на прославата во главниот град на Аргентина во неделата (19 декември), по одлучувачкиот меч во кој аргентинската репрезентација ја победи Франција и го освои првото место на Светското фудбалско првенство во Катар.
Аргентинскиот навивач именуван како Себастијан Оскар Месиел од локалните медиуми, се задушил откако националното знаме што го носел околу вратот се заглавило меѓу едно од тркалата на неговиот мотор. Мотоциклистот го возел моторот кога наеднаш изгубил контрола над возилото и паднал на асфалтот. Починал веднаш откако случајно останал без кислород.
Кога итната помош пристигнала да му помогне, забележале дека знамето што го носел е заглавено на неговиот мотор со моќност од 150 кубици.
Несреќата, според локалните медиуми, се случила неколку минути по победата на Аргентина на Мундијалот во градот Баија Бланка.
Полицијата информира дека во моментов е во тек истрагата која треба да ги утврди причината за смртта на 22-годишникот.