Македонскиот јазик е чист во преговарачката рамка без фусноти, без ѕвездичка, без дополнителни објаснувања
Во Клубот на пратениците денеска попладне почна средбата на работните групи на политичките партии за разгледување на последниот француски предлог чие евентуално прифаќање би значело тргање на бугарското вето за почеток на преговори на земјата со Европската унија.
Пред денешната средба на партиските работни групи Арбер Адеми координаторот на пратеничката група на ДУИ рече дека нема време за лажни вести, тие не смеат да преовладуваат, македонскиот јазик е чист во преговарачката рамка.
„Македонскиот јазик е чист во преговарачката рамка без фусноти, без ѕвездичка, без дополнителни објаснувања. Велат дека немаме старт на преговори. Ќе имаме старт на преговори, тоа вчера беше истакнато и од страна на претседателот на Европскиот Совет и дека ние и Албанија би стартувале веднаш со преговори, со скрининг процес којшто го поминале сите земји членки. Така што и ние и Албанија заедно ќе поминеме низ тоа“,
изјави Адеми.

изјави Адеми.Според него нема време за лажни вести, тие не смее да преовладуваат, туку вистината да преовлада.
„Затоа сме денеска тука да разговараме со аргументи. Нема штета од дискусија, разговори, преговори, објаснувања и дообјаснувања со сите засегнати страни. Додаде дека лажни вести се информациите дека нема преговарачка рамка и дека протоколот е дел од преговарачката рамка“,
нагласи Адеми.
„Во преговарачката рамка се вели дека европското законодавство ќе се преведе на македонски јазик со што се потврдува дека македонскиот јазик е официјален и ќе биде службен јазик на ЕУ. Мислам дека тоа е придобивката од предлогот што го имаме за да нема лажни вести низ општеството, низ јавноста. Унилатерална изјава можно е да има, но со ЕУ ние ќе комуницираме на македонски јазик и македонскиот јазик е чист во овој правец. Македонскиот јазик што и вие и јас го зборуваме“,
рече Адеми, додавајќи дека на македонски јазик ќе се потпише и договорот со Фронтекс, кој беше закочен поради тоа што беше оспоруван македонскиот јазик.