Во објавениот статус, Апасиев апелира до премиерот Димитар Ковачевски лидерската средба да ја закаже, откако во Собранието ќе се организира парламентарна надзорна расправа за работата на МВР и Обвинителството
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев вечерва го откажа учеството на закажаната лидерска средба, која треба да се одржи денеска во 12 часот во Собранието.

Тој вечерва на социјалната мрежа Фејзбук напиша дека утрешниот ден треба да биде прогласен за Ден на жалост, а не да се одржи средба меѓу партиите на која ќе се зборува за датум на изборите.
Во објавениот статус, Апасиев апелира до премиерот Димитар Ковачевски лидерската средба да ја закаже откако во Собранието ќе се организира парламентарна надзорна расправа за работата на МВР и ОБвинителството.
„Утре треба да биде ден на жалост заради двојното убиство, а не на ЛИДЕРСКА за датум за избори! Поради ова, јас како претседател на Левица го ОТКАЖУВАМ моето учество на планираната средба и апелирам до премиерот истата да се помести за посоодветен тајминг, после расчистувањето – преку парламентарна надзорна расправа – на сите неразјаснети прашања поврзани со пропустите на МВР и ОЈО изминативе денови (за време на самитот на ОБСЕ)“,
напиша Апасиев.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејбук изрази сочувство за смртта на 14-годишната Вања и побара најстрога казна за сите вмешани во случајот.
„Со голема тага ја примив веста за згаснувањето на животот на младата Вања. Искрено сочувство за загубата на овој млад и невин живот. Најстрога казна за сите вмешани во овој грозоморен случај! Правда мора да има. Почивај во мир“,
напиша Мицкоски.
Премиерот Димитар Ковачевски во средата изјави дека за 4 декември е закажана лидерска средба на која се очекува да се прецизира датумот на одржување на претседателските и парламентарните избори в година.