Претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска вели дека прво мора да разговара за околностите на евентуалното вработување, а потоа да одлучи за следните чекори
Антикорупциска поднесе иницијатива за кривична пријава за ангажманот на Ејупи во пет општини истовремено
Антикорупциската комисија на следната седница ќе одлучува дали ќе отвори нов случај по информациите во јавноста дека Бесмира Ејупи е вработена во МНР.
Антикорупциска поднесе иницијатива за кривична пријава за ангажманот на Ејупи во пет општини истовремено.
Претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска вели дека прво мора да разговара за околностите на евентуалното вработување, а потоа да одлучи за следните чекори.
Од Антикорупциска велат дека освен за општина Брвеница, обвинителството не постапувало по иницијативите за кривично гонење за петте градоначалници на општините во кои истовремено била ангажирана Ејупи.
Ден откако ВМРО ДПМНЕ откри дека Ејупи била вработена во МНР, овој ресор ниту го потврдува ниту демантира нејзиното вработување, а премиерот Димитар Ковачевски рече дека вработувањето се смета за административно прашање.