Инаку, поради зголемената гужва во сообраќајот на патрините правци надвор од градските средини, особено за време на викендите, од АМСМ препорачуваат возачите да ја прилагодуваат брзината на движење во согласнот со поставената сообраќајна сигнализација
На сите гранични премини за влез во земјава е зголемена фрекфенцијата на возила, информира АМСМ.
Оттаму велат дека најголем интензитет на сообраќајот има на граничниот премин Табановце, каде се чека околу два часа, додека на останатите гранични преемини се чека околу еден час.

Инаку, поради зголемената гужва во сообраќајот на патрините правци надвор од градските средини, особено за време на викендите, од АМСМ препорачуваат возачите да ја прилагодуваат брзината на движење во согласнот со поставената сообраќајна сигнализација.
На внимателно управување со возилата се предупредува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова се однесува на делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.