Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ
На граничниот премин „Богородица”, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути. На граничниот премин „Дојран”, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 30 минути, соопштуваат од АМСМ.
Како што информираат оттаму, на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
