Имено, членот 5 предвидува дека каков било напад врз членка на НАТО треба да се третира како напад врз сите членки
Мнозинството Американци ја поддржуваат НАТО-алијансата и сметаат дека САД треба да продолжат да ги бранат своите сојузници. Во анкета објавена во петокот, 60 отсто од испитаниците одговориле дека САД треба да ги одбранат НАТО-сојузниците доколку бидат нападнати. Само 13 отсто сметаат дека Америка не треба да се вмеша во евентуален конфликт, додека 26 отсто не се сигурни за тоа која одлука треба да се донесе.
Имено, членот 5 предвидува дека каков било напад врз членка на НАТО треба да се третира како напад врз сите членки. Во анкетата најголема поддршка им се дава на Обединетото Кралство, па потоа на Франција, Германија, Полска, Финска и Грција.
Демократскиот профил на испитаниците даваат поголема поддршка за тоа дека САД треба да ги исполнат обврските од НАТО-пактот. Републиканците, исто така, даваат поддршка, но во помала мера. Очекувано, строгите приврзаници на Трамп даваат помалку поддршка за инволвираноста на САД кон НАТО-сојузниците.
Во однос на старосната граница, постарите, а и студентите се за поддршка на Америка кон сојузниците.
Овие бројки доаѓаат откако републиканецот Доналд Трамп неодамна изрази негативна реторика кон начинот на функционирање на НАТО. Тој даде запрепастувачка изјава кога рече дека НАТО-членките кои не дале доволно финансиски средства за одбрана можеби треба да бидат нападнати.
Анкетата, исто така, покажува дека повеќе од половина испитаници се против мислењето на Трамп. Анкетата е направена над 1 562 испитаници