Демократскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе го потпише пакетот штом ќе помине во Сенатот
Милијарди долари за помош за Украина, Израел и Тајван денеска добија зелено светло во американскиот Сенат, а пакетот оди на последно гласање неколку дена откако Претставничкиот дом ненадејно го прекина повеќемесечниот ќорсокак и ја одобри помошта.
Сенатот со мнозинство гласови, 80 наспроти 19, го поддржа пакетот од четири нацрт-закони усвоени од Претставничкиот дом, со 80 спрема 19, далеку повеќе од 60-те потребни за да се отвори патот за гласање за конечниот усвојување подоцна денеска или утре.
Еден од предлог-законите предвидува 61 милијарда долари за Украина, уште 26 милијарди долари за Израел, а третиот, 8,12 милијарди долари за „спротивставување на комунистичка Кина“ во Индопацификот. Четвртиот вклучува потенцијална забрана за апликацијата Тик-ток, мерки за пренос на запленетите руски средства во Украина и нови санкции кон Иран.
Демократскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе го потпише пакетот штом ќе помине во Сенатот.
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина.
Американските власти рекоа дека некои оружја ќе бидат доставени на бојното поле многу брзо, можеби дури и во рок од неколку дена, но дека за некои работи „може да потрае малку подолго“.