Остин се извини за време на минатонеделниот телевизиски брифинг затоа што навремено не им кажал на Бајден и на раководниот персонал за неговата дијагноза на рак на простата, додавајќи дека стравот за неговото здравје бил голем удар за него
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на 29 февруари ќе сведочи пред Конгресот поради тоа што криел, вклучително и од претседателот Џо Бајден, дека му бил дијагностициран рак и дека бил хоспитализиран, изјави вчера портпаролот на Конгресот.
„Министерството за одбрана му потврди на Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом дека секретарот Остин ќе сведочи пред комисијата на 29 февруари во врска со неговото непријавување на неговата хоспитализација“,
изјави портпаролката на Комитетот за вооружени сили, Џастин Трипати.
Остин се извини за време на минатонеделниот телевизиски брифинг затоа што навремено не им кажал на Бајден и на раководниот персонал за неговата дијагноза на рак на простата, додавајќи дека стравот за неговото здравје бил голем удар за него.
Остин (70) се извини и за начинот на кој се справил со последователната хоспитализација, која со денови се чуваше во тајност од јавноста, високиот персонал и самиот Бајден.
Инцидентот предизвика политички метеж. Некои истакнати републиканци, вклучително и поранешниот претседател Доналд Трамп, побараа смена на Остин од функцијата.
Остин е пензиониран генерал со четири ѕвезди, кој ги водеше силите во Ирак и е првиот црн секретар за одбрана на САД.
Во време на скандалот, Бајден само кусо изјави дека има доверба во Остин, и покрај тоа што се согласи дека секретарот направил погрешна проценка.