Според анализата на Си Ен Ен, за само неколку месеци е „збришана“ целата експaнзија на американската економија во последните пет години
Бруто домашниот производ на САД во второто тримесечје се намалил за рекордни 32,9 проценти, најголем пад на економијата после Големата депресија (1929-1933). Причината овојпат е ковид-19, што предизвика запирање на потрошувачката и бизнис активностите во земјата.
Според Бирото за економски анализи на Министерството за трговија, падот во најголем дел се должи на економската активност во април, кога речиси сите бизнис активности во САД запреа, со затворањата на рестораните, кафе баровите и фабриките што започна кон средината на март.
Белата куќа и Конгресот договорија нов пакет помош за економијата и нови исплати за помош на Американците. Се работи за пакет мерки од 3 трилиони долари помош за компаниите да исплатата плати на вработените, но и за продолжување на исплатите од 600 долари неделно за милиони невработени Американци што истекуваат оваа недела.
Во меѓувреме, намалувањето на бројот на пријави за невработеност кое започна во мај, застана на одредено ниво во јуни поради новите случаи на коронавирус регистрирани насекаде низ земјата.
Пандемијата ги урна цените на нафтата, поради што и производството на нафта од шкрлици е сериозо намалено. Прометот во рударскиот сектор во второто тримесечје бележи пад од 34,9% додека градежните работи на станбени објекти се намалени за 38,7 отсто.
Пандемијата создаде пречки во глобаната трговија и го го намали увозот и извозот од САД.
Економистите предупредуваат дека доколку Владата не го исплати и второт пакет мерки и тоа мошне бргу, и не презеде план за запирање на вирусот, американската економја може да отиде во колапс.